Населението на Египет се зголеми за уште еден милион за нешто повеќе од седум месеци

96

Населението на Египет достигна 104 милиони, објави Централната агенција за јавна мобилизација и статистика. Египќаните станаа милион повеќе за седум месеци и единаесет дена. Тоа значи зголемување од 4.525 луѓе дневно, 188,5 на час, 3,1 во минута или по едно бебе се раѓа на секои 19 секунди.

Највисока стапка на раст има во областите Асиут, Сухаџ, Ќена, Миња и Бени Суеф. Според официјалните податоци, меѓу десет и четиринаесет милиони египетски граѓани живеат во странство.

Високиот раст и пренаселеноста се меѓу најзначајните проблеми со кои се соочува оваа северноафриканска земја. Владата има за цел да го намали наталитетот преку обезбедување на поширок пристап до бесплатни контрацептивни средства, информативни кампањи, финансиски стимулации за семејствата со ниски приходи кои имаат едно или две деца.