НАСА отиде чекор понатаму задоволувајќи го нашето воодушевување, па така освен неверојатните фотографии од Универзумот, сега ги искористи податоците од телескопот којшто го набљудува галактичкиот центар на Млечниот пат и создаде небесна симфонија.
На ѕвездите и одредени светлини им се доделуваат ноти, додека облаците од гас и прашина произведуваат атмосферски звуци и зуење.
Слушајте ја небесната симфонија и уживајте!