НАСА претстави план за супербрзи авиони:Од Њујорк до Лондон за час и половина (ФОТО)

156
Американската вселенска агенција неделава претставува план за „суперсонично патување со авион“.
Планот е авионот да го прелета Атлантикот со невидена брзина од приближно 2.470 до 4.900 километри на час. Колку за да се има претстава, оддалеченоста од Њујорк до Лондон е околу 5.500 километри.
НАСА веќе влезе во она што се нарекува следна фаза од остварувањето на планот, која подразбира два 12-месечни договори доделени на Боинг, Ролс Ројс и на други партнери да помогнат во концептуализацијата на новиот млазен авиот и во изградбата на „технолошките мапи на патот“.

Од нивната анализа, агенцијата верува дека има потенцијални пазари за патници на дури 50 воспоставени рути кои поврзуваат различни градови, фокусирајќи се прво на прекуокеанските летови за да се намалат регулаторните пречки.

Според менаџерот на проектот за хиперсонична технологија на НАСА, Мери Џо Лонг-Дејвис, двата 12-месечни договори кои ја истражуваат изводливоста на суперсоничен патнички авион првенствено ќе се фокусираат на намалување на бучавата за време на полетувањето и слетувањето.

САД и многу други земји забрануваат суперсонични летови над копно, наведувајќи ги како главни причини звучното загадување и звучните бумови.

„Емисиите на висока надморска височина и другите фактори на животната средина се критична почетна точка за овој проект“, изјави Лонг-Дејвис за The Register.

„Мора да се земат предвид и безбедноста, ефикасноста, но и економските и социјалните фактори. Важно е да се иновираат одговорно за да им се понуди на патниците предности и во исто време да се заштити животната средина“, додава НАСА.