НАСА објави фотографија од местото на Месечината каде најверојатно се урна руското летало Луна 25

922

Американската вселенска агенција го идентификуваше точното место на падот на руската мисија Луна 25 на јужниот пол на Месечината.

Фотографиите од кратерот, создаден со падот на руското вселенско летало на 20 октомври, се направени минатата недела од Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO), вселенски брод на НАСА што се наоѓа во орбитата на Месечината, пренесува Си-Би-Ес њуз.

Користејќи ги податоците што им ги достави руската агенција Роскосмос, тимот на НАСА го лоцираше најверојатното место на несреќата.

Анализирајќи ги претходните фотографии од истата локација, истражувачите забележале нов кратер широк околу 10 метри, за кој се верува дека е создаден со падот на „Луна 25“.

„Бидејќи новиот кратер е блиску до проценетото место на падот на „Луна 25“, тимот на LRO заклучува дека кратерот најверојатно настанал со пад на вселенското летало, а не од природен процес“, соопшти НАСА.

Руско вселенско летало не успеа да слета на површината на Месечината во близина на Јужниот пол поради проблеми со моторот.