Заврши уште една сезона во Формула 1, во која Макс Верстапен и Ред Бул со двојна титула ја потврдија доминацијата, а следната сезона започнува во март 2024 година, па нема да има многу време за одмор на возачите и тимовите.

Пред пет години, челниците на Формула 1 дојдоа до идеја да го прошират караванот во повеќе земји во светот. Една од земјите која требаше да биде домаќин на трката во Формула 1 е Виетнам, поточно патеката во Ханој, која беше подготвена да дебитира во 2020 година, но се тргна наопаку.

Дебитантската трка во Виетнам беше одложена поради коронавирусот, а потоа немаше враќање. Интересот на челниците на Формула 1 наеднаш падна, иако на самата патека беа вложени огромни пари, исчезнаа и спонзорите така што Виетнам повеќе не се пријавува за домаќин на Формула 1 календарот.

Денес патеката служи за туристичко разгледување, а ја користат и велосипедистите за тренирање, додека дел од патеката служи за главните сообраќајници. Еден дел од патеката идеја беше да биде улица, а другиот да се користи за трката во Формула 1, како што беше планирано.

Многу се пишуваше за враќањето на Виетнам во календарот на Формула 1, но сепак тоа нема да се случи, барем во блиска иднина.

Патеката е изградена според најсовремените принципи, како и поголемите нови патеки во Формула 1, а многу сличен материјал е користен при изградбата на патеките во Катар, Бахреин и Абу Даби.