Напиток кој најефективно ги чисти црниот дроб и бубрезите, го намалува холестеролот и го јакне имунитетот – а се подготвува за час

28

Напитокот се состои од овошје и зеленчук богати со флавоноиди и антиоксиданси кои ќе му помогнат на вашиот имунитет добро да одговори на нападите на штетните микроорганизми.

Јаболката се познати како лек уште од античко време, а изреката дека едно јаболко дневно го штити здравјето не е без основа. Експертите го анализирале хемискиот состав на ова овошно дрво и утврдиле дека неговите фитохемикалии се средство против најмалку три типа на рак – белите дробови, дебелото црево и црниот дроб.

Богати се со витамини А и Ц, витамини од групата Б и рибофлавин и имаат висок процент на две фитохемиски супстанции: пектин, кој ја олеснува цревната перисталтика и ја намалува апсорпцијата на шеќер, но и бор, кој го зачувува здравјето на коските и нервниот систем.

Благодарение на својот состав, јаболкото има детоксикативно, антисептично и антиинфламаторно дејство, го намалува холестеролот во крвта и ја поттикнува работата на црниот дроб. Морковите имаат антиоксидантно, антибактериско и антитуморно дејство, ги штитат артериите и делуваат како експекторанс, олеснувајќи го излачувањето на секретот од белите дробови.

Антиоксидативното дејство на морковот доаѓа од каротеноидите, кои го намалуваат ризикот од развој на тумор, штитат од болести на срцето и васкуларниот систем, а исто така ги стимулираат менталните функции. Важна состојка на овој напиток е цвеклото кое има антибактериско, антиоксидантно и лаксативно дејство. Богат е со витамин А и бетаин – ензим кој ги храни и зајакнува црниот дроб и жолчката. Освен тоа, цвеклото е одличен извор на калиум и делува како средство за чистење на црниот дроб, бубрезите и жолчката.

Состојки (за една чаша)

– 2 цели цвекло
– 2 моркови
– 2 јаболка

Подготовка
Во блендер ставете сварено цвекло, свежи моркови и јаболка и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Можете да додадете малку вода, растително млеко или коцки мраз ако е премногу топло.