Напад со остар предмет во Бруклин – ранети се шест лица, полицијата трага по напаѓачот

8

Шест лица се повредени денеска кога биле нападнати со остар предмет во јужниот дел на Бруклин, Њујорк, по што биле префрлени во болница, информира полицијата.

Полицајците биле повикани во куќа во Фане Корт во населбата Геритсен Бич околу 6:20 часот поради извештаи дека напаѓач или напаѓачи исекол неколку луѓе со сечило, објави Њујорк пост.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, затекнала шест лица повредени, меѓу кои 30-годишна жена со исеченици на лицето, 16-годишна девојка со исеченици на раката, 39-годишна жена со исеченици на нејзината рака, 27-годишен маж со повреди на лицето, 30-годишен маж кој имал рани на вратот и зглобот и 18-годишник кој имал расекотина на раката, соопшти полицијата.

Полицијата не соопштува детали за мотивите на нападот и засега никој не е уапсен.

Засега не се ни знае дали напаѓачот или напаѓачите се идентификувани.