Неколку лица се повредени откако непознато лице отворило оган врз патници во трамвај во холандскиот град Утрехт.
Нападот се случил утрово на периферијата на градот, во близина на болницата Оуденријн, а полицијата ги блокира улиците околу местото на инцидентот.
Портпарол на полицијата изјави дека нападот се случил во или во близина на трамвајот на Скверот 24 октомври, кој е веднаш затворен, а над местото на инцидентот кружат хеликоптери.