Нападот на ватерполистите на Црвена звезда организиран од внукот на Горан Иванишевиќ

75

Синот на познатиот сплитски фудбалски тренер, Вјекослав Локица, и внук на славниот хрватски тенисер, Горан Иванишевиќ, Иван Локица, наводно е организатор на нападот на ватерполистите на Црвена звезда на брегот на сплитското шеталиште.

Според последните информации, се сомневаат дека токму Иван Локица, кој работи во еден од локалите на крајбрежјето, ги викнал останатите хулигани кога ги видел ватерполистите во опрема со клупските обелезжа на белградскиот тим.

Тој и претходно и беше добро познат на полициските службеници, бидејќи на својата мајка Срѓана Иванишевиќ, инаку сестра на славниот тенисер, во 2007 година и се заканувал дека ќе ја убие доколку не му даде пари за да ги врати своите долгови.

Српската полиција во неделата приведе тројца хулигани кои биле поврзани со нападот на ватерполистите на Црвена звазда, а еден од приведените бил Иван Локица.

Меѓутоа, по повеќечасовното сослушување, тој бил пуштен на слобода. „Сплитски дневник“ пренесе порака и воедно повика дека оваа информација не е потврдена, односно дека Иван Локица не е предводникот на хулиганската група која била викната да им направи проблеми на ватерполистите.

Имено, ватерполистите на Звезда беа нападнати во недела во центарот на Сплит. Четворица играчи седеле во еден од локалите на брегот околу 13:40 часот, на главното градско шеталиште, каде што им дошла група на млади момци која побарала да ги соблечат клупските маици. Тројца ватерполисти успеале навреме да избегаат, додека голманот на „црвено – белите“, Алесандро Краљ, немајќи решение рипнал во морето.

  • Доколку не скокнев во морето ќе ме убиеја, изјави Црногорецот по доаѓањето на полицијата и лекарската екипа.

Управата на Црвена звезда одлучи да ја повлече екипата и воедно го откажа мечот против тимот на Морнар поради безбедност.