Францускиот ракометен гигант Нант се избори за голем бод во дуелот со Барселона, во седмото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Во Франција европскиот шампион имаше водство до самиот финиш, но домашните ракометари не се предадоа и заслужено остана непоразени на овој натпревар (31:31). Мем со девет и Јанц со пет се истакнаа кај Барселона, а за Нант прв стрелец беше Мине со седум погодоци.

Екипата на Динамо Букурешт  успеа да го надигра Фуксе Берлин и славеше со високи 38:31. За романскиот состав ова е петти триумф во групата А, додека Фуксе останува на само три победи и има шест бодови на своето конто.