Наместо CV пратил фризура?!

70

Модната куќа Луј Витон доби интересно CV на распишаниот конкурс за работа.

Суперкреативниот обожавател наместо со својата биографија и работното искуство конкурирал со фризура, поради која на работодавецот навистина ќе му биде тешко да му каже “не“. Раперот и графички дизајнер Магнус Џулијан се најде на насловниците на сите интернет модни списанија, откако својата фризура ја покажа на Инстаграм.

Фризурата за која мора да се признае дека е навистина инвентивна ја дизајнирал тој самиот. Магнус кој доаѓа од Охајо од својата долга коса исплел плетенки и секоја ја запакувал во огромно лого на „Луј Витон“. Тој ги објавил првите фотографии од неговата брендирана фризура на 31 декември и напишал “Еј Virgil Abloh можам ли да заработам професионална пракса? Имам идеи“.

123 -годишното лого е препознатливо од авион, а луѓето од социјалните мрежи многу брзо почнале да ја шеруваат идејата на Магнус и да ја опишуваат како неверојатна, прекрасна и генијална.