Наместо да се сонча или да ужива во морето во Ровињ: Данец снимал голи деца со камера во хемиско пенкало

907
Фото:википедија

Истарската полиција уапсила дански државјанин (59) поради сомнение дека со мини камера во хемиско пенкало снима голи деца.

Тој е обвинет дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија, соопшти истарската полиција.

Обезбедувањето на 1 август околу 18.50 часот го затекнало осомничениот како со мини камера во хемиско пенкало снима голи деца во туристички објект на подрачјето на Ровињ, пренесува Хина.

Полицајците го привеле и по наредба на судот извршиле претрес на зградата во која живее и возилото што го користи, а му одзеле лаптоп и УСБ меморија на кои била пронајдена инкриминирачка содржина.

Осомничениот е приведен во петокот вечерта.