Намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за занаетчиските услуги и производи е една од мерките што се најде во четвртиот пакет антикризни мерки.
Покрај оваа мерка за помош на занаетчиите на располагање им стојат и претходните економски мерки, односно помошта за исплата на платите или пристапот до поволните кредити од Развојната банка.
Со новиот пакет антикризни мерки предвидено е и намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци, со нова повластена стапка на ДДВ од 10 отсто наместо сегашната редовна, од 18 отсто. Оваа мерка ќе започне од 1 јануари 2021 година, преку неа ќе се постигне намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, но и поголема ликвидност на услужниот сектор.