Македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова, не успеа да го повтори успехот од Игрите во Лондон, кога го осови златниот медал во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.

Македонската параолимпијка на Игрите во Токио, во истата дисциплина се пласираше на шестото место, но ова не е крај на настапите на олимписките игри за најдобрата македонска параолимпијка.

Бикова, откако беше осма во квалификациите, во финалето, со резултат 147,9, го освои шестото место. Јаванмарди од Иран го освои златниот медал, а сребрен и бронзен медал освоија Пехливанлар од Турција и Давид од Унгарија.

Оливера ќе има уште две шанси да осови медал на Параолимписките игри во Токио, бидејќи е пријавена и во дисциплините 25 и 50 метри воздушен пиштол. Во дисциплината 25 метри ќе настапи веќе на 2. септември, додека медал на 50 ,етри ќе лови на 4 септември.