Околу 2.600 луѓе изминатиов викенд биле допрени од медузи на плажите во австралиската држава Квинсленд, кои се сега затворени поради огромниот број медузи.
https://www.instagram.com/p/Br360ffAGL9/?utm_source=ig_web_copy_link
Станува збор за таканаречените Блуботл (Bluebottle) медузи чии изгореници се болни, но вообичаено не се смртоносни, јави Би-Си-Си.
Најчесто силни ветрови носат колонии медузи во близина на брег.
Минатата недела 13.000 луѓе побарале помош поради изгореници од медузи, што е три пати повеќе во однос на истиот период минатата година.
Најмногу инциденти биле регистрирани во регионите Голд Коуст и Саншајн Коуст.