Над 3.600 хемикалии од храна пронајдени во човечкото тело: Поврзани се со предизвикување рак, нарушување на хормоните…

47

Повеќе од 3.600 одобрени хемикалии кои се во контакт со храна се пронајдени во човечката крв, коса и мајчиното млеко, покажуваат најновите истражувања, кои нагласуваат дека ризикот од изложеност на токсични материи е недоволно регулиран, пишува Гардијан.

Овие хемикалии се поврзани со предизвикување рак, нарушување на хормоните и други сериозни здравствени проблеми, според истражувањето „Доказ за широко распространета човечка изложеност на хемикалии во контакт со храна“ објавено во стручното списание „Journal of Exposure Science & Environmental Epidemiology“.

Многу супстанции во САД се одобрени со ограничен надзор според правилото на Управата за храна и лекови на САД, што конкретно значи дека хемикалиите може да се користат во контакт со храна со многу мал надзор.