Над 20 илјади во месецот одат за храна, дури 65 отсто од граѓаните немаат пари за одмор!

Инфлацијата во јули падна на 8,4 отсто, ама во реалниот живот  граѓаните тоа не го чуствуваат. Власта се фали дека инфлацијата до крајот на годината ќе се сведе на минимум, а граѓаните се жалат дека платите и пензиите не им стигнуваат за покривање на основните животни потреби, животниот стандард им станува се полош, а живејачката сè потешка. Покрај храната, поскапени се струјата, горивото... Годинава луксуз стана да се оди и на одмор, поскапени се дури и аранжманите со приватни сместувања, а повеќе од 65 отсто од граѓаните на Македонија не можат да си дозволат еднонеделен одмор на море, езеро или на планина

1294

Не едно четиричлено семејство во јули му биле потребни 48.620 денари за покривање на основните животни потреби. Од нив речиси половина, односно 44,6 отсто одат за храна. Граѓаните се жалат дека производите поскапуваат преку ноќ, а Владата се фали дека инфлацијата се топи. Паралелно, во Собранието се турка повисокото ДДВ за дел од прехранбените производи кои наместо со 5 ќе се оданочуваат со 10 отсто. Од Сојузот на синдикати велат дека веќе ни со две минимални плати, не може да се покрие минималната кошничка.

Инфлацијата во јули падна на 8,4 отсто, ама во практиката граѓаните тоа никако да го почувствуваат. Иако власта се фали дека инфлацијата до крајот на годината ќе се сведе на минимум, граѓаните се жалат дека платите и пензиите не им стигнуваат за покривање на основните животни потреби, животниот стандард им станува се полош, а живејачката сè потешка. Покрај храната, поскапени се струјата, горивото, паркинг услугите… Годинава луксуз стана и да се оди на одмор, поскапени се дури и аранжманите со приватни сместувања, а повеќе од 65 отсто од граѓаните на Македонија не може да си дозволат еднонеделен одмор на море, езеро или на планина.

И додека граѓаните се жалат на виски цени, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се пофали дека инфлацијата во јули се намалила на 8,4 отсто.

-Овие бројки се во согласност и со Владините проекции со кои се предвидува просечната инфлација за 2023 година да изнесува 8,9 отсто. Од друга страна оваа Влада посветува големо внимание и на креирање на позитивна бизнис-клима, каде што компаниите ќе бидат мотивирани да исплаќаат компетитивни плати чиј раст на годишно ниво ќе биде далеку над растот на трошоците на живот. Растот на просечната плата очекувам и понатаму да продолжи со двоцифрени стапки, и секако да биде значително над растот на трошоците на живот, што во превод би значело и реален раст на куповната моќ на нашите сограѓани, смета Битиќи.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија 20 илјади денари или 44,6 отсто од потрошувачката кошничка се за исхрана и пијалаци, а потоа 13.664 денари, за домување, односно 30,46 отсто од потрошувачката кошничка. Понатаму, 3,247 денари или 7,24 отсто се трошат за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје.

Оттаму велат дека веќе ни со две минимални плати не може да се покрие минималната кошничка и оти за да се покријат месечните трошоци потребни се две просечни плати.

-За да преживее едно семејство потребни му се две просечни плати, бидејќи со една минимална и една просечна не може да се покријат месечните трошоци.  Инфлацијата, според пресметките на Народна банка, изнесува 8,4 отсто, но не е реална бидејќи во практиката се чувствува повеќе од 20 отсто. Голем дел од малопродажните цени на основните производи не се намалија и покрај мерките на државата. Практиката покажа дека кога еднаш ќе се зголемат цените, многу тешко се враќаат назад. Поради тоа, ние ќе се бориме што поголем број работници да земаат просечна плата, вели за ВЕЧЕР, Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање.

Сепак граѓаните велат дека не го чувствуваат намалувањето на инфлацијата, бидејќи секојдневно се соочуваат со зголемени цени. Велат дека некои производи кои порано ги купувале сега им стануваат луксуз и за да заштедат почнале да ги намалуваат количествата и на оние производи кои секојдневно ги купуваат. Поради скапотијата, велат дека платите и пензиите ги даваат веднаш кога ќе им стигнат.

(А.С.)