Над 15.000 активни случаи со Ковид-19, девет градови со најзагрижувачки бројки

1020

Според последната ковид статистика од направени 7.174 тестирања, регистрирани се 708 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се 32 починати лица, а регистрирани сe и 573 оздравени пациенти.

Ова се девет градови со најмногу нови и активни случаи:

Скопје – 315, каде активни има 6130,

Куманово – 53, а активни 943,

Тетово има нови 38, а активни 1884

Гостивар со нови 17, а активни 1066

Струмица – 33, активни 675

Струга – 23, а активни 604

Кичево -21 нови, а активни 608

Гостивар нови 17, а активни 1066

Охрид нови 18, активни 525

Досега во земјата се направени вкупно 1.182.940 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 179.587, бројката на оздравени пациенти е 158.441, на починати е 6.045, а бројот на активни случаи изнесува 15.101.