Милиони фунти на британските даночни обврзници се трошат за медицинска заштита на барателите на азил сместени во хотели.
Истрага што ја спроведе „Експрес“ откри податоци од целата земја кои покажуваат како зголемувањето на миграцијата во Британија од 2021 година наваму ја принудило здравствената служба да склучи договори со локалните лекари. Овој неуспех на Владата да се справи со кризата и да го поддржи Националниот здравствен сервис – НХС, се смета за „предавство“ на британскиот народ кој сè потешко доаѓа до лекар.
-Британските пациенти чекаат повеќе од 18 месеци за витални третмани, но сепак хотелите со мигранти се претвораат во импровизирани болници. Ова не е само здравствена криза – тоа е предавство на даночните обврзници кои го потрошиле својот живот финансирајќи го НХС, само за да бидат турнати на задниот дел од редот, изјавува Мајк Џонс , директор на невладината организација „Мигрејшн Воч“, кој смета дека треба да се дозволат масовни депортации на илегални имигранти.
Ако не го сторат тоа, додава Џонс, матичните лекари ќе продолжат да бидат заслепени од приливот на илјадници баратели на азил.
„Експрес“ имал увид во неколку договори на НХС со приватни лекари. Со еден договор на НХС Сасекс се плаќаат 1,9 милиони фунти за здравствени услуги на 1.000 баратели на азил, а со друг договор Федерацијата на локални лекари во Чешир добива 132.000 фунти за обезбедување „домашна“ грижа за мигрантите во градот Халтон. Новинарите на „Експрес“ виделе уште неколку договори тешки милиони.
-Додека милиони се на листите на чекање на НХС и се принудени да страдаат, илегалните мигранти уживаат „домашна нега“ во нивните хотели. Владата треба веднаш да ги контролира премините со бродови, инаку трошоците за Британија само ќе продолжат да се зголемуваат, изјавува Вилијам Јарвуд, менаџер на медиумска кампања на Алијансата на даночните обврзници.
Од 2021 година, вкупно 2,7 милиони мигранти од земји кои не се членки на ЕУ се доселени во Обединетото кралство, а рекордни 906.000 само минатата година. Новата лабуристичка влада веќе забележа 20.000 пристигнувања на мигранти со мали бродови откако ја презеде функцијата, а на крајот на септември, 35.651 барател на азил се сместени во хотели во Велика Британија, што претставува пораст од повеќе од 6.000.
Според анализата на Британската медицинска асоцијација заклучно со септември, околу 6,3 милиони британски пациенти биле „заглавени“, чекајќи третман, од кои половината чекале повеќе од 18 недели. По еден месец чекање на термин во лекарска ординација, постарите пациенти кои разговарале со новинарите на „Експрес“ изјавиле дека се чувствуваат како да се фрлени под автобус.