Пандемијата со коронавирусот го натера светскиот тениски рекет број два Шпанецот Рафаел Надал да размислува да заине во пензија. Тој сака да игра уште неколку години, но многу ќе зависи од начинот на кој што ќе продолжи тенисот по оваа криза.

-Кај некои паузата ќе помогне, кај некои не. Јас се обидувам да тренирам внимателно и да избегнам повреди. Имам искуство со тоа и знам како да се справам со ваква ситуација. Овој период ме натера да размислувам за иднината. Никој не знае каков ќе биде тенисот во иднина. Јас се надевам дека ќе играм уште неколку години, но никогаш не се знае. Уживам во настапите пред полни стадиони со публика. Тоа ми е мотивација да продолжам да се натпреварувам, вели Шпанецот.

Шпанецот до крајот на годинава брани и огромен број на бодови и доколку успее во својата намера би можел повторно да се најде на првото место на АТП листата.

Најдобрите тенисери ќе се вратат на терените во Вашингтон, а најтешка задача по долгата пауза ќе има токму Надал. Тој ќе брани најмногу поени од турнирот САД Опен и Ролан Гарос, турнири на кои ги освои титулите изминатата година.