Ретко кога шпанскиот тенисер Рафаел Надал, во јавноста зборува за неговиот приватен живот. Но во изминатите неколку месеци меѓу неговите фанови постојано се провлекуваше прашањето зошто тој се уште нема деца. Вториот светски рекет минатата година се ожени со својата долгогодишна девојка Марија, а сега проговри за потенцијалното проширување на семејството.
- Сакам деца и се надевам дека ќе ги имам, но моментно има мал проблем околу тоа прашање. Сакам деца кога ќе се пензионирам. Мислев дека тоа ќе биде на 30 – години, но јас ја продолжив кариерата и не знам уште колку ќе трае, изјави Надал.
Поранешниот светски рекет број еден и осовјувач на 20. грен слем титули сака да се фокусира исклучиво на тенисот до крајот на кариерата, а потоа ќе и се посвети во целост на сопругата и семејството. Со оглед на сите повреди кои ги имаше, не се очекуваше да игра долго, но тенисерот од Мајорка и во 34- та година не размислува да ја заврши кариерата.