Поранешниот тренер на швајцарскиот тенисер Роже Федерер, Пол Анакон, зборуваше за ѓансите на Рафаел Надал да го осови претстојнот грен слем турнир Австралија опен, а предност му даде на бранителот на титулата Србинот Новак Ѓоковиќ.
Тој истакан дека „Бикот од мајорка“ е еден од гаворитиете, но во дуел со Новак Ѓоковиќ, нема да има шанси за осовјување на пехарот.
- Да бидам искрен, Рафа е полош од новак на тврда подлога, но и од Роже Федерер, кога теренот е многу брз. Но, тој е супериорен во однос на останатите игрчи. Ако игра против Новак во финалето, не би се обложил на него. Кога би играл против некој друг, тогаш би ги ставил сите пари на него. Мислам дека за Шпанецот е најважно да ја помине првата недела од натпреварувањето на еден комфорен начин, изкави Анакон.
Тој смета дека на Шпанецот добро ќе му дојде настапот на АТП купот, каде ќе се подготвува за освјувањето на својата 21. грен слем титула во кариерата.
- Многимина се прашуваат зашто Надал не ја осови титулата на Австралија опен повеќе пати. Не може да го потцениме, бидејќи успеа четири пати да го осови Сад Опен и еднаш тиумфираше во Мелбурн. На него му се потребни што повеќе натпревари за да се подготви за турнир од ваков калибар. Ќе одигра неколку натпревари на АТП купот, а за грен слеми обично се подготвува со играње на турнири. Се чини дека тој рецепт е успешен, заврши Анакон.
Австралија опен оваа година ќе се одржи од 8 до 21 февруари