Надал и Ѓоковиќ ќе го прескокнат загревањето за Вимблдон

114

Освојувачот на Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал, откри дека ќе ги прескокне сите турнири на трева пред настапот на Вимблдон, бидејќи повеќе не е во состојба да ја игра неделата на загревање.

Шпанецот минатитот викенд ја освои 12. титула на Ролан Гарос, а сега му претстои натпреварување на трева за која вели дека му е многу добра подлога.

-Сакам трева, но како што сите знаат повеќе не сум во состојба да играм неколку недели по ред како што го правев тоа пред десет години. Имам распоред и се држам до него со цел да остварам подобри резултати, изјави Надал.

Рафа два пати триумфираше на Вимблдон, но второтат титула ја осови пред речиси десет години. Од тогаш има само едно финале во 2011 година и полуфинале во 2018, додека останатите резултатибеа под неговите очекувања.

Неделата пред Вимблдон, поточно загревањето во Квинс ќе го пропушти и првиот светски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ. Но не е исклучена можноста Ѓоковиќ да настапи на Квинс доколку се чуствува одморено, но доколку не биде дел од турнирот, на АТП-листата ќе загуби 300 бодови.

Одморот што ќе го земе Ѓоковиќ ќе биде со цел подобро да се подготови за настапот на Вимблдон, грен слем турнир на кој ќе ја брани титулата. Турнирот на трева во Велика Британија се игра од 1 до 14 јули.