Надал и Ѓоковиќ се поевтини од Федерер, но не ги полнат стадионите 

112

Воопшто не е тајна дека помалите тениски турнири им плаќаат дополнително за настап на најдобрите тенисери во светот, односно на најтрофејните Швајцарецот Роже Федерер, Шпанецот Рафаел Надал и Србинот Новак Ѓоковиќ.

Експертите на „Евроспорт“ Арну ди Пасквале и Беноа Мајлин го објавија резултатот од нивното истражување на оваа тема за тоа колку големата тројка (Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ) добива од организаторите на турнирите.

Според нив, Швајцарецот добива милиони евра. Минатата година од помалите турнири тој играше во Штутгарт и Базел, а годинава е обврзан за настап во Дубаи. Во 2018 Федерер играше во Ротердам без дополнителна сума, бидејќи одлучи да настапи два дена пред да се одреди ждрепката. Според експертите на „Евроспорт“, Федерер добива повеќе од главните ривали.

  • Надал и Ѓоковиќ чинат околу 800.000 евра. Надал е поевтин, исто како и Ѓоковиќ, но тие двајца за разлика од Федерер не ги полнат стадионите. Ако го имате Федерер во распоредот, тогаш билетите се распродадени, вели Мајлин.

Во 2015 година, Надал доби 500.000 евра за да настапи на турнирот во Хамбург, добивајќи вајлд-карта неколку недели пред турнирот. Во Хамбург немаше врвни тенисери и организаторите решија да направат економска одлука и тоа им се исплатеше, стадионот беше полн, а Надал го победи Фабио Фоњини во финалето во два сета.

„Голeмата тројка“ на АТП листата се уште го има главниот збор на турнирите, особено на грен слемите. Тие заедно досега имаат освоено дури 52 титули од гоелмите турнири. Прв на листата е Федерер со дури 20 грен слема, потоа следи Надла кој има 17, а трет е Ѓоковиќ со 15 грен слем титули.