Тренерот на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, Карлос Моја за шпанските медиуми зборуваше за психолошката состојба на својот пулен, а вестите се далеку од добри. Моја, покрај тоа што ја фалеше играта на светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос, зборуваше и за тоа која е причината за поразот на Рафа на неговиот омилен турнир.
-Сезоната на земја беше тешка, со многу физички и ментален напор. Рафа е исцрпен. Пред две години беше на работ на психолошки колапс, едвај се извлече од тоа. Сега е повторно близу до таа точка, кажа Моја.
Точно е тоа дека Рафа не го игра најдобриот тенис на својата омилена подлога, но далеку од тоа дека изгледа толку многу лошо. Меѓутоа зборовите на неговиот тренер се аларм дека нешто се случува со поранешниот светски рекет бој еден, бидејќи Надал неодамна го откажа настапот на Вимблдон и на Олимписките игри.
Надал сезонава го освои само турнирот во Барселона, а не успеа да слави во Монте Карло, Рим, Мадрид и Ролан Гарос. Тој би требало повторно да се врати на тениските терени на последниот грен слем турнир сезонава САД Опен, кој ќе почне на 31 август.