epa10435122 Alina Korneeva of Russia celebrates victory against Mirra Andreeva of Russia during the Junior Girls Singles final at the Australian Open tennis tournament in Melbourne, Australia 28 January 2023. EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Младата руска тенисерка Алина Корнеева, важи за една од најталентираните играчи на планетата, а сега на јавноста и кажа како Рафаел Надал ја бакнал и дека тоа прилично ја шокирало.

Корнеева летово наполни само 17 години и моментално се наоѓа на 177. место на ВТА листата, а најдобриот пласман во кариерата го имаше во февруари кога беше на 128. место.

Нејзиниот тениски пат ја однесе до академијата која ја води Рафаел Надал, а за првата средба со „кралот на земјата“ проговори во интервју за каналот „Подобро“ на Јутјуб.

-Кога првпат дојдов на академијата на Надал во декември, или на крајот на ноември, го видов и ме бакна! Многу е вообичаено да се бакнуваат. Секако, се работеше за бакнеж во образ, а водителките на програмата ја прашаа дали и „паднале“ три бакнежи.

Беа два, во Шпанија по два пати се бакнуваат. И тој го направи тоа! Тогаш не плачев, но на мајка ми и реков: „Рафа ме бакна“. Дали го разбираш тоа? Мислам, тој ми пријде и јас бев во шок.

Шпанскиот тенисер во кариерата има освоно 22. грен  – слем титули, а во септември годинава поради многубројните повреди одлучи да и стави крај на својата професионална кариера. Се шпакулира дека наскоро би можел да заплови во тренерските води, а негов прв пулен би требало да му биде моментно најдобриот шпански тенисер Карлос Алкараз.