epa10412427 Rafael Nadal of Spain walks off after losing his match against Mackenzie McDonald of the USA during the 2023 Australian Open tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 18 January 2023. EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, би можел да игра во финалето на Дејвис куп турнир во Малага во ноември. Надал долго време се мачи со повредите и се наѕира крајот на неговата кариера, па петтото подигање на „салатара“ веројатно би било најдоброто можно збогување од тенисот за славниот Шпанец во овој момент. Ваква можност најави и Давид Ферер, селекторот на Дејвис куп тимот на Шпанија.

“Веќе разговарав со Рафа, но ништо не е договорено. Постои можност тој да биде во тимот. Неговата цел оваа година беа Олимпијадата, оттогаш не играше. Му треба одмор и време со семејството, па сега не е време да му се јавам. Најважно е дека тој ќе биде добар во ноември, кажа Ферер и додаде:

„Има доволно време да го одредиме тимот за Малага. Сега сите треба да се фокусираат на турнирите. Имаме многу добри тенисери кои можат да направат добар тим“, заклучи Ферер.