Наградата за човек со најдобара „фудбалерка“ оди кај…?

54

Фудбалерка? Станува збор за фризура типична за 80-тите и 90-тите години, а ја прослави чешкиот хокеар Јаромир Јагр. Фризурата која често била исмејувана дефинитивно има обожаватели кои гордо ја покажуваат, а интересно е што во САД се одржува натпревар за личност со најдобра фудбалерка.

Приходите од овој натпревар одат за воените ветерани, а овогодинешните победници се 59-годишниот Тод Груб, 39-годишниот Скот Салвадор и 26-годишниот Холден Стеванус.