Нагелсман лобира за Ван де Бек

84

Новиот предводник на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Јулијан Нагелсман, побарал од клупските челници да испратат официјална понуда за холандскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек. Офанзивниот играч за врска нема голема минутажа на „Олд Трафорд“ и затоа поранешниот предводник на Хофенхајм и РБ Лајпциг побара од клупските челници да испратат официјална понуда не помала од 40 мил. евра.