Екипите за зимско оддржување заедно со општинскиот кризен штаб од рано утрово се на терен, информираат од Општина Бутел.
Оттаму известија дека навремено се исчистени сите критични места во општината, како и главните улици, сите споредни улици во сите населни места, со цел непречено одвивање на сообраќајот.
Исто така, тимови од Општина Бутел работат на расчистување на сите пристапни патеки до градинките, банките, аптеките и тротоарите.
-Општина Бутел ќе ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање, нагласуваат од локалната самоуправа.