И за многубројна нација, изненадувачки број на деца со паранормални способности

229

Дали навистина постојат во Кина кои поседуваат параномални способности?
Во еден интересен напис-документ насловен „Кинески парапсихолшки Саванти“, до кој може да се пристапи преку електронската читална на…ЦИА, пренесува вебтрибјун,рс, кој го напишал поранешен професор на Универзитетот во Мичиген и основач на Комитетот за научно истражување на паранормални активности и основа на Друштвото за научно истражување, пишува:

Единаесетгодишниот Танг Ју и неговиот пријател Чен Сјаоминг се враќале дома од училиште во оддалеченото планинско село во округ Дачу. Танг се фатил за џебот од капутот, приказната продолжува, и имал ненадејна визија на два кинески симболи. Тој му ги опишал на Чен живописните симболи, кој од џебот извадил кутија цигари Летечка дива гуска. Етикетата на пакувањето, за која момчињата зборувале се состоела од два симболи што ги „видел„ Танг Ју.

Тој неволно го споделил своето откритие со неговиот педесетгодишен татко. Знаел дека неговото тврдење ќе звучи како лага. Наместо тоа, почнал да игра игри на погодување со селаните.

Ги замолил да напишат случајни ликови на парче хартија, да ја замотаат хартијата во топчиња и да го пуштат секое топче да го чува покрај увото. Танг тогаш погодувал што точно пишува на хартијата. Неговата претпоставка, како што се раскажува, секогаш се покажувала точна. Приказната за момчето се прошири надвор од неговиот мал град во целата провинција Сичуан во централна Кина.

Набрзо реагираше научната комисија и нејзиното биро за образование и култура побараа да го испитаат Танг, а тамошните истражувачи ја потврдиле неговата способност да идентификува зборови и бои на малите хартивчиња што му стоеле покрај увото. Новинарите и почитуваните службеници од покраинскиот одбор на пратеници на Сичуан брзо ги поддржаа тие резултати, а на 11 март 1979 година, оваа исклучителна приказна е објавена во дневниот весник Сичуан.

Професорот во текстот продолжува: Почнаа да стасуваат извештаи за деца кои имаат телепатска моќ, видовитост, рентгенски вид и способност за психокинеза. Типично дете имаше меѓу девет и четиринаесет години, ама неколкумина беа на возраст од четири или 25 години; проценето е дека имало околу 2000 надарени деца во кинеската популација од една милијарда луѓе.

На почетокот од 1980 година оваа неверојатна приказна се најде на страниците на угледното кинеско списание Природа. Порастот на интересот, го наведе списанието да спонзорира голема конференција.

Тоа беше првиот научен симпозиум за извонредната функција на човечкото тело за учесници од повеќе од 20 факултети и медицински училишта. Протоколот го снимаше шангајското научно-образовно студио, а филмот под назив „Верувате ли?, бил прикажан на националната телевизија.

Фактите за кои зборува професорот биле наведени и во декласифицираниот извештај на американските воздухопловни сили за телепортација, кој е достапен преку Федерацијата на американски научници.

Тој документ ги третира и кинеските деца со парапсихолошки способности, спомнувајќи, во овој случај, дека децата можеле да телепортираат предмети од една локација на друга, без да ги допрат.

Овој посебен документ, кој е декласифициран на барање на Законот за слободно информирање ги опишува специфичните луѓе со многу посебни способности и начинот на кој илјдници научниви и владите низ целиот свет ги проучуваат многу долго.