Имунизацијата против Ковид-19 со вакцините на Универзитетот во Оксфорд и „Астра Зенека“ на лица на возраст под 30 години ќе биде запрена денеска врз основа на препораките на Британската агенција за лекови и медицински производи (МХРА), јавија британските медиуми.
Агенцијата наведува дека луѓето на возраст меѓу 18 и 29 години, наместо со „Астра Зенека“ ќе бидат вакцинирани со вакцината „Фајзер“ или „Модерна“.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека внимателно ќе ги следи советите за вакцини на Универзитетот Оксфорд и „Астра Зенека“, МХРА и JCVI (Мешовит комитет за вакцинација и имунизација), но не верува дека ќе мора да го смени распоредот за да ги олесни ограничувачките мерки.
– Мислам дека клучна работа е да се слуша што зборуваат научниците и лекарите, медицинските експерти, рече Џонсон.
Извор:МИА