Англискиот премиер лигаш Ливерпул го потврди ново засилување Дарвин Нуњез, поранешната ѕвезда на Бенфика, поради што мораше сериозно да го „одврзат ќесето“.

Неговиот трансфер би можел да се искачи на 100.000.000 евра, а медиумите на Островот веќе пишуваат за неговата девојка. Новиот играч на Ливерпул се забавува со поранешната девојка на веќе поранешниот фудбалер на Барселона. Нуњез е во врска со Шпанакта Лорена Мањас. Тие веќе имаат и дете, а Лорена му го дала името Дарвин, исто како и таткото на детето. Но, тоа не е нејзиното единствено дете.

Лорена ја има и седумгодишната ќерка Клои, која ја доби со Алеиш Видал, поранешен играч на Барселона. Видал не се снајде во тој клуб, а сега го носи дресот на градскиот ривал Еспањол.