Конкретните случаи во изминатите денови се изолирани и се прашања што произлегуваат од фактот дека конкретна политичка партија не може да прифати дека е во опозиција и во позадина ќе направи сè што може за да провоцира, рече Тимчо Муцунски пред европратениците во Комисијата за надворешни работи на Евопскиот парламент (ЕП), на прашање за позадината на последните случувања во земјава во контекст на меѓуетничките односи.
Ова е дел од одговорот што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го даде пред европратениците во Комисијата за надворешни работи на Евопскиот парламент (ЕП), на прашање за позадината на последните случувања во земјава во контекст на меѓуетничките односи.
Улогата на Владата во вакви случаи, вели Муцунски, не е да политизира, туку да ги реши.
„Институциите ќе дејствуваат во согласност со домашното законодавство, во согласност со нашиот Устав и нема да дозволиме поединци, кои сакаат само да ја зачуваат својата политичка кариера, да ја поткопаат одличната меѓуетничка атмосфера што постои во нашето општество“, рече министерот Муцунски пред европските пратеници во Комисијата за надворешни работи на ЕП.