Германските медиуми ја пласираа и информацијата дека крилниот напаѓач на Баерн (М), Јамал Мусијала, планира за време на зимскиот преоден рок да донесе конечна одлука околу неговата клупска иднина. Репрезентативецот на Германија има договор со баварскиот клуб до 2026 година, но доколку не биде продолжена соработката, Баерн (М) ќе мора да го продаде за време на летниот преоден рок.