Мусијала уште се мисли

110

Спортскиот директор на германскиот гигант Баерн (М), Макс Еберл, призна дека клубот има мали проблеми кога е во прашање продолжувањето на соработката со големиот талент, Јамал Мусијала. Репрезентативецот на Германија има договор со баварскиот клуб до 2026 година, а проблемите се поради фактот дека интерес за неговите услуги покажува актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити.