Мусијала создава главоболка

18

Големиот талент од редовите на германскиот гигант Баерн (М), Јамал Мусијала, предизвика дополнителни главоболки за клупските челници со изјавата дека е подготвен да ги разгледа сите опции кога е во прашање неговата иднина. Репрезентативецот на Германија има договор со тимот од „Алијанц арена“ до 2026 година, но се погласни се шпекулациите дека не сака да потпише нов договор.