Мурињо се одлучи за Џака

86

Швајцарскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Гранит Џака, е најновата желба на новиот тренер на италијанскиот калчолигаш Рома, Жозе Мурињо. Контроверзниот португалски стручњак е убеден дека Џака може да биде идеално решение кога е во прашање средниот ред на римската „волчица“, а неговата желба ќе стане реалност ова лето само доколку официјалната понуда за Швајцарецот не биде помала од 15 мил. евра.