Мурињо откри кој сон сака да го исполни до крајот на кариерата

129
epa11029676 AS Roma's head coach Jose' Mourinho gestures during the UEFA Europe League group G soccer match between AS Roma and Sheriff Tiraspol, in Rome, Italy, 14 December 2023. EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Во текот на својата тренерска кариера, Жозе Мурињо работеше во некои навистина големи клубови, а во повеќето од нив постигнуваше одлични резултати.

Сега повторно се актуелни неговите коментари за неговата работа од соништата, а доколку неговите желби се остварат, тоа би било неверојатен крај на богатата кариера.

Мурињо моментално е тренер на турскиот гигант Фенербахче, а во жешкото столче седна на почетокот од летниот преоден рок.

Иако „сино-жолтите“ имаат голема поддршка во оваа земја и важат за еден од најголемите тимови во Турција, ова беше чекор наназад за Мурињо ако ги погледнеме клубовите со кои раководеше претходно.

Своето тренерско име Мурињо го изгради во Порто со кој во 2004 година успеа да ја освои Лигата на шампионите, а потоа ја прифати понудата на Челзи.

Со лондонскиот премиерлигаш освои две последователни првенства во 2005 и 2006 година, а потоа во 2008 година го презеде тимот на Интер.

Со нив освои и неколку титули, а во 2010 година ја обезбеди историската тројна круна што значеше и освојување на втората титула во Лигата на шампионите.

Потоа раководеше со два од најголемите тимови во светот, секако Реал (М) и Манчестер Јунајтед, имаше кам-бек во Челзи, а работеше и во Тотенхем и Рома.

Сепак, има една работа која овој 61-годишен тренер се уште не ја завршил и како што вели, сонува за неа.

Френк Лебоеф, поранешенот играч на Челзи, зборуваше за тоа.

„Се сеќавам кога направив интервју со господинот Мурињо, тој во тоа време беше во Реал (М) или Челзи и доаѓаше во Лос Анџелес. Ми призна дека сака последната работа во кариерата да биде во португалската фудбалска репрезентација. Тоа е неговата цел“, откри Лебоеф.

Во моментов селектор на Португалија е Роберто Мартизен под чие водство Португалија не направи ништо големо на ЕП 2024. Интересно, Мурињо во мај изјави дека е отворен за преземање на Португалија.

„Имав можност двапати да ја преземам Португалија, но тие понуди не дојдоа во вистински момент. Се надевам дека понудата ќе дојде по трет пат и ќе ја прифатам“, јасен беше Жозе Мурињо.