Завршена е третата фаза од тестирањето на вакцината против коронарниот вирус „Спутник В“, и се покажа дека е многу безбедна и ефикасна, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.
На седницата на президиумот на Координативниот совет за борба против ковид -19 во руската влада, Мурашко рече дека пациенти постари од 60 години учествувале во третата фаза од клиничките испитувања.
„Покажано е високото ниво на безбедност и ефикасност на вакцината, а денес е во тек подготовката на конечниот извештај“, изјави Мурашко.
Тој додаде дека центарот „Гамалеја“, креаторот на руската вакцина, работи на нова листа медицински индикации за вакцинација со Спутник В и неговата примена, пренесува Спутник.
Тој, исто така, посочи дека повеќе од 49 милиони руски граѓани примиле барем една доза од вакцината, и дека околу 40 милиони завршиле со вакцинацијата.
Мурашко рече дека повеќе од 1,5 милиони руски граѓани биле вакцинирани со Спутник лајт. Тој, исто така, нагласи дека повеќето пациенти со корона вирус, кои доаѓаат во болниците, не се вакцинирани.
Пет вакцини против коронавирусот се регистрирани во Русија. Првиот од нив, Спутник В, произведен од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ со поддршка на Рускиот фонд за директни инвестиции, е широко користен за масовна имунизација и е одобрен во 70 земји. Русите, исто така, имаат пристап до ЕпиВакКорона на Новосибирск центарот „Вектор“ и Центарот КовиВак „Чумаков“ на Руската академија на науките.
За ревакцинација, се препорачува Спутник Лајт, полесна верзија на Спутник В, која претпоставува еднократна примена на препаратот.
Руското Министерство за здравство неодамна ја регистрираше вакцината ЕпиВакКорона Н, која ја содржи истата активна состојка како ЕпиВакКорона, но тие се синтетизираат на различни начини.