Музички спектакл во сенка на трагедија:На концертот на Тејлор Свифт во Бразил почина девојка поради топлотниот бран

982

На концертот на пејачката Тејлор Свифт во Рио де Жанеиро, почина девојка на која и се слоши поради топлотен бран, кој беше оценет како рекорден во овој период од годината. Имено, на стадионот на кој се одржа концертот темературата била околу 60 степени Целзиусови.

Ани Клари Беневидес (23) колабираше на стадионот Нилтон Сантос, објави организаторот на концертот на Инстаграм.

Во соопштението се наведува дека веднаш и била укажана лекарска помош и била пренесена во болницата „Салгадо Фиљо“, каде починала.

Концертот, на кој присуствуваа околу 60.000 обожаватели, се одржа на ден кога во Рио беше забележан највисокиот индекс на топлина, кој ги комбинира температурата и влажноста, на 59,3 степени Целзиусови.

Свифт, која е во Бразил за шест настапи како дел од турнејата, изрази тага и сочувство до семејството и пријателите на Беневидес.