МУЗИЧКИ ДОКУМЕНТАРЕЦ: Мартин Скорсезе ќе снима филм за Боб Дилан

78

Нетфликс најави дека Мартин Скорсезе ќе режира документарен филм за турнејата на Дилан “Rolling Thunder Revue”, а ‘рбетот на филмот треба да го сочинуваат серија на интервјуа со овој познат текстописец.

Како што беше најавено од страна на Нетфликс, дејствието на филмот ќе се темели врз описот на “немирниот дух на САД”, во текот на 1975 година, како и презентирањето на музиката која Дилан ја изведувал во текот оваа година.

“Rolling Thunder Revue” беше музички карван кој започна во октомври 1975 година, а заврши во мај 1976 година. Уметниците Џони Мичел, Џоан Баез, Мик Ронсон, Бети Мидлер, Роџер МекГин, Емили Харис и Ален Гинзберг му се приклучија на Дилан во есенскиот дел од турнејата, која се смета за една од најголемите музички фестивали во историјата.