Музеј кој урива рекорди: Лувр во 2018 имал 10 милиони посетители

56

Лувр не е само најпосетениот музеј во светот, туку во 2018 година пречекал десет милиони посетители. Ова е бројка без преседан за еден меѓународен музеј. “За првпат во историјата на музејот, повеќе од десет милиони посетители го посетија Лувр и тоа во 2018 “, рече Жан-Лук Мартинез, претседател и извршен директор на музејот.

Со 10,2 милиони посетители минатата година, Лувр забележа зголемување од 25 отсто во споредба со 2017 кога имал 8,1 милион посетители и го собори сопствениот рекорд од 9,7 милиони посетители во 2012 година.

Во 2017, Лувр беше пред Националниот музеј на Кина со осум милиони посетители и музејот Метрополитен во Њујорк со 7,3 милиони.
Според Мартинез, рекордот бил поттикнат од “обновувањето на меѓународниот туризам во Париз„, по намалувањето на бројот на туристи за 30 отсто во последниве години поради терористичките напади во Франција