“Москва е подготвена да помогне во преговорите меѓу Иран и Израел – тоа е тежок, но остварлив процес“

12

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва е подготвена да помогне во преговорите меѓу Иран и Израел, нагласувајќи дека процесот ќе биде тежок, но остварлив.

„Во контакт сме со Израел, во контакт сме со Иран. Имаме прилично доверлива врска. И ние многу би сакале оваа бескрајна размена на напади да престане во одреден момент. И да се најдат начини за решавање на ситуацијата што ќе ги задоволи двете страни, им рече Путин на новинарите.

Тој нагласи дека компромисот е клучот за решавање на блискоисточниот конфликт и дека Русија е подготвена да интервенира доколку тоа го сакаат двете страни, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Доколку тоа се бара, ние сме подготвени да направиме се што е во наша моќ да контактираме со двете страни за да помогнеме да се најдат овие компромиси“, рече Путин.