Москва ги продолжи ограничувањата на цивилен воздушен сообраќај во пограничните региони кон Украина

41

Руските власти ги продолжија воведените ограничувања во цивилниот воздушен сообраќај во близина на границата со Украина.

Одлуката за затворање на 11 аеродроми во пограничните области воведена на 24 февруари со почетокот на воените дејствија е продолжена до 1 април, соопшти денеска руската Федерална агенција за воздушен транспорт „Росавијација“.

Во Сочи е единствениот аеродром на брегот на Црното Море што остана отворен. Меѓу затворените се и аеродромот Симферопол на Крим и меѓународниот аеродром во Ростов на Дон.

Преку апликациите што овозможуваат следење на летовите во реално време може да се забележи дека уште од почетокот на војната авионите од цивилниот сообраќај го заобиколуваат воздушниот простор во југозападниот дел на Русија кон Украина.