Москва ги интензивира нападите врз градот Торецк: Најмалку пет мртви во нападите врз регионите Доњецк и Харков

94

Во руските напади врз станбени области во најисточниот регион Доњецк загинаа четворица цивили, додека шестмина се ранети, изјави денеска гувернерот на регионот, Вадим Филашкин. Исто така, едно лице загина, а едно е повредено во утринава воздушен напад врз селото Богославка во Харковската област.

Повеќето од жртвите во нападот во регионот на Доњецк се од селата на линијата на фронтот, Њујорк, изјави Филашкин, пренесува „Киев Индепендент“.

Руските напади врз селото доаѓаат откако Москва ги засилува нападите врз блискиот град Торецк. Украинските власти ги повикаа цивилите во области како Њујорк да се евакуираат.

Во јужниот дел на Херсонската област двајца цивили се ранети за време на утринава напади на руските сили од другата страна на реката Днепар, соопшти регионалната воена управа.

Во североисточниот регион на Харков, едно лице загина, а девет се ранети во напади во изминатиот ден, изјави гувернерот на тој регион, Олег Синегубов.

Жена загина во селото Богославка во Харков
Едно лице загина, а едно е повредено во утринава воздушен напад врз селото Богославка во областа Харков.

Како што јави Укринформ, утринава било нападнато и селото Купјанск-Вузлови, каде биле оштетени амбулантата, поштата, училиштата и станбените згради.

Во вчерашниот напад на селото Варваровка, во населбата Чугује, загина 56-годишна жена. Една жена е хоспитализирана во артилериското гранатирање на селото Бели Колоѓаз во тој округ.

Како што беше соопштено, вчера во бомбардирањето во областа Харков загина една жена, а беа ранети осум цивили.