Озогласениот затвор Сајднаја бил основан во 1980 година од таткото на Башар, поранешниот претседател Хафез ал Асад, за затворање на луѓето кои биле противниците на режимот. По падот на претседателот се рушат дебелите ѕидови и се вадат затвореници, кои се до тој степен дезориентирани што не знаат ни како се викаат, а тешко е и да им се одреди возраста. Полицијата објави дека го погубила крвникот на Асад, Талал Дакак, познат и како Абу Сакр, кој хранел лав фрлајќи му затвореници. Тој е еден од големиот број екзекутирани војници и приврзаници на Асад. ЕУ посочи дека сега постои опасност од легитимна загриженост за ризици од секташко насилство во Сирија и обновување на екстремизмот во земјата.
Падот на претседателот, или на „династијата“ Асад која половина век сееше страв во Сирија откри морничави детали од животот на Сиријците под бруталниот режим на таткото Хафез и синот Башар.
Самиот повод за падот на претседателот Башар ал Асад буди морничави чувства. Се верува дека почетокот на неговиот пад датира уште од мај 2011 година, кога беше осакатено, а потоа и убиено 13-годишното момче Хамза ал-Катиб, само затоа што учествувало во протести.
Ако желбата за соборување на Башар ал Асад се родила некаде, таа се родила во Дара, мало гратче во Сирија во близина на границата со Јордан. Таму, на 21 мај 2011 година, едно момче (13) беше мачено и осакатено, а откако беше уапсено за време на антивладините протести, пишуваат медиумите.
Телото на малиот Хамза ал-Катиб беше предадено на неговото семејство, а тоа предизвика протести, а потоа и жестока репресија на владините сили. Сега, по падот на режимот на Асад, новинарите на Би-би-си влегле во домот на момчето во Дера, но не виделе славеничка атмосфера. Семејството на Хамза штотуку добило фотографии од документите пронајдени во „кланицата“ на Асад, озлогласениот затвор Сајднаја, кои потврдуваат дека постариот брат на Хамза, Омар, кој бил уапсен од полицијата во 2019 година, починал во затворот.
-Мислев дека ќе дојде дома можеби денес, можеби утре… И тогаш ја добив веста , вели мајката Самира, облечена целосно во црно, тагувајќи по својот сопруг кој почина пред три месеци.
-Се надевам дека ќе ја плати цената. Дека Бог ќе им се одмазди нему и на неговите деца, вели таа, мислејќи на соборениот претседател.
Озогласениот затвор Сајднаја, што го нарекуваат кланица за луѓе бил основан во 1980 година од таткото на Башар, поранешниот претседател Хафез ал Асад, за затворање на луѓето кои биле противниците на режимот. Граѓаните сега се опоменати да го заобиколуваат објектот во широк круг, зашто наводно надворешноста е силно минирана. Во тој затвор, само во последните петнаесетина години се примени и погубени повеќе од 1.000 луѓе, а се верува дека откога постои, во него биле затворени стотици илјади.
Според Амнести Интернешнл, по падот на режимот на Асад, за семејствата кои имале роднини во озогласениот затвор се зголемува можноста конечно да ја откријат судбината на нивните исчезнати најмили, во некои случаи и децении подоцна. Тие се собираат покрај затворот и велат дека можеби десетици илјади луѓе се уште се заробени внатре, во тајни подземни ќелии. Спасувачите ги бараат пробивајќи ги дебелите бетонски ѕидови. Сведоци велат дека луѓето кои излегуваат од подземните ќелии се дезориентирани до тој степен што не знаат да кажат ни како се викаат, а тешко е да се одреди и нивната возраст. Блиската џамија е место каде спасените завореници се сретнуваат со најблиските.
Но, симбол на страв и терор во затворот е Талал Дакак, познат и како Абу Сакр, кој хранел лав фрлајќи му затвореници. Монструмот, или крвникот на Асад, како што го нарелкуваат Сиријците, беше еден од најозлогласените сириски воени лидери и моќен бизнисмен во Хама, кој во еден момент водеше и воздушно-разузнавачка милиција со дури 1.500 членови. Тој стана озлогласен по својата свирепост откако наводно украл младенче лав од зоолошка градина и го нахранил со телата на своите затвореници. Има извештаи дека Дакак снимил и младенче лав како раскинува жив коњ, а потоа ја објавил снимката на социјалните мрежи. Тој е одговорен за многу други ужасни злосторства, вклучувајќи киднапирања, убиства и трговија со органи, а се занимавал и со шверц и продажба на нерегистрирани возила, како и со трговија со наркотици.
По падот на Асад Дакак е наводно погубен од локалната полиција во западниот град Хама. Сепак, постојат само снимки од подготовките на неговото погубување, но не и официјална потврда.
Дакак не е единствената мета на бунтовниците. Егзекурирани се повеќе војници приврзаници на Асад, што беше причина високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, да посочи дека постои легитимна загриженост за ризици од секташко насилство во Сирија и обновување на екстремизмот во земјата.
Мохамед ал Башир, кој е малку позната фигура во Сирија ја презема улогата на привремен премиер со поддршка од бунтовниците. Тој најави пренос на власта и на институциите до 1 март. Во меѓувреме, животот во Дамаск полека се стабилизира. Банките и продавниците се отвораат, а намален е и бројот на вооружени луѓе на улиците, што укажува на промена на атмосферата во главниот град.