Морничава сцена на плажа во Хрватска: Морето исфрли 12 мртви желки

111

Жител на Дуги Оток во Хрватска на социјалните мрежи објави неколку фотографии и видео снимки од мртви желки, кои морето ги исфрли на плажата Сакарун.

Како што јави ХРТ, снимени се вкупно 12 мртви желки. Велат дека видеата не ги објавиле на нивниот портал бидејќи се вознемирувачки.

Првите проценки говорат дека желките умреле како последица на силниот јужен ветер и ударот на брегот.

– Бидејќи често го посетувам тој крај, гледам дека овој залив е многу опасен за желките, особено за желките што не можат да излезат од плиткото во зима, како да влегуваат во некоја мрежа. Сите се крупни единки, од кои некои тежеле и до 40-50 килограми – вели жител на Дуги Оток за ХРТ.