Морбили и кај здравствениот персонал: Заболени шестмина

77

Епидемијата на морбили не стивнува. Шестмина здравствени работници се заразиле со морбили. Се работи за четворица лекари на специјализација и шалтерски работник од Клиниката за детски болести и една медицинска сестра од Институтот за белодробни заболувања во Козле.

Заболените биле во директен контакт со заразените деца, но ниту еден од нив не е хоспитализиран на Инфективната клиника, туку сите се на домашно лекување.

Според информациите на Институтот за јавно здравје досега се пријавени околу  80 сомнителни случаи со мали сипаници. Вкупно досега се вакцинирани 4070 лица, а во моментов на Клиниката за инфективни заболувања има 21 пациент со морбили.