Олимписката шампионка во бокс, Американката Клариса Шилдс, ќе дебитира во мешаните боречки вештини (ММА) следната година. Таа потпиша договор со Професионалната лига на борци и може да стане првата жена што истовремено има титули во бокс и ММА.

Шилдс, која е олимписка шампионка во три категории во бокс, за „Асошиејтед Прес“ изјави дека се надева дека ќе има два или три ММА натпревари во 2021 година, како и два боксерски натпревари.

  • Не го правам ова за забава, навистина го сфаќам сериозно. Мислам дека нема да победам само затоа што моите раце се подобри од другите. Ќе ги зацврстам работите каде што сум слаба, истакна 25-годишната Шилдс.

Таа ќе мора да се прилагоди на новите техники, вклучително и борење и кик-бокс.

  • Никогаш во животот не сум шутнала никого, дури ни во улична борба. Не влегувам во ова натпреварување знаејќи дека ќе ги победам тие девојки само затоа што можам подобро да боксувам. Ќе примам удари, но и ќе ударам. Мора да се навикнам да ме удираат со тупаници, затоа што кога тоа ќе се случи тоа во боксот, навистина сакам да го победам противникот. Навистина мислам дека на натпревар против која било друга жена, без разлика која е таа, нема да може да ме победи, додаде Американката.

Шилдс вели дека секогаш има највисоки амбиции за победа.

  • Сакам да бидам одлична во сè. Мразам да губам. Немам изгубено борба од мојата 17 година. Јас не сум тука за да се забавувам, туку да им покажам присуство на сите со кои ќе влезам во кафезот. Вие не влегувате таму да се борите со боксер, туку против најдобрите натпреварувачки во боречки вештини, смета боксерката.

Нејзиното семејство различно реагираше на веста за нејзиното учество во ММА. Нејзината мајка на почетокот не и веруваше, нејзината сестра беше лута и ја предупреди да не се бори против мажите, додека таткото и момчето беа возбудени.

Таа сè уште не се одлучила за режимот на тренинзите, ниту да работи во домашна ММА сала, но рече дека сака да тренира со најдобрите ММА борци и тренери за да го забрза целиот процес.

Таа разговараше со поранешниот шампион на УФЦ, Џон Џонс, а ќе разговара и со другите ММА борци за нејзниот тренажен процесг. Таа истакна дека на своите тренери ќе им верува само кога ќе проценат дека е подготвена да влезе во кафезот.

Како професионална боксерка, Шилдс е без пораз и има скор од десет победи, а истакна дека не е загрижена што времето поминато во ММА ќе влијае на нејзината боксерска кариера.

  • Јас можам да боксувам во сон. Родена сум за да го сторам тоа. Боксот е во мене. Никогаш нема да заборавам како да боксувам. Дури и кога ќе имам 80 години, подобро е девојките да не ме искушуваат, бидејќи и тогаш ќе бидат во неволја… Како што стареете, учите да тренирате попаметно, не потешко. За време на мојата ММА кариера, ќе се обидам да тренирам попаметно, вели Шилдс.

Таа рече дека главниот мотив е освојување на шампионски титули во двата спорта, но призна дека е фрустрирана бидејќи боксерската индустрија не може да ја направи ѕвезда на ниво на машките колеги или врвните ММА-конкуренти.

  • Не сум вознемирена од боксот, но боксот отсекогаш бил сексистички спорт и сè додека не почнат да се однесуваат фер кон жените, женскиот бокс нема да оди таму каде што треба. Дури и машкиот бокс сега е во застој. Тоа е затоа што тие тие едноставно не сакаат да бидат фер, а боксерските богови тоа го гледаат, рече Шилдс.